(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Од:

Српскиот актер Ненад Јездиќ ја прекина изведбата на претставата „Книгата на Милутин“ во театарот Звездара поради жена која разговараше на телефон. Но, таа не беше единствената што го правеше тоа.

Од споменатиот театар изјавија дека неколку луѓе од публиката ги користеле мобилните телефони за фотографирање, пишување пораки, па дури и получасовен разговор. Разочараниот актер рече:

„Кога ќе се трудиш низ глума да го негираш писателот кој рекол дека „Ако Господ сакал, ваквата судбина ќе му ја доделел на народ почитлив, пописмен, на народ помалку позаборавен од нас Србите…“

Сега гледајте колку е нашиот заборав кога ние доаѓаме во театар и зборуваме на телефон пола саат без прекин додека слушаме за сопствената заборавеност.Вие госпоѓо простете ми што ве опоменав, но немам нерви на коњ, не можев да издржи. Половина час бевте на телефон половина час и ве гледав. И сега ве гледам, простете ми луѓе, ве молам простете ми“.

Фејсбук страницата на Театар Звездара исто така повтори дека треба да се исклучат мобилните телефони додека сте во театар.

„Времето што го одвојувате за претставата не е време за разговор на телефон. Им пречите на актерите кои ја играат претставата, но и на публиката која ја почитува театарската уметност. Во театарот е дозволено да бидете offline. Размислете што порака му праќате на соговорникот на кој сте му се јавиле за време на претставата“, беше објавено.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот е вечна промена

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар