Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска по одложувањето на рочиштето за „Тврдина 2“ рече дека ќе поднесат жалби за барањата кои судот ги одби.
Таа очекува од септември да започнат судењата и кажа дека обвинетите имаат нови адвокати, за што како што рече, имаат законско право.
– Нашите законски права кои ги имаме во постапката е правото да вложуваме правни лекови и во текот на оваа недела зависно како истекува правото на жалба ќе бидат изнесени жалби против решенијата, рече Ристоска.
Обвинителката појасни дека „Тврдина“ и „Таргет“, кои при подготовка на обвинителниот акт се споија во едно обвинение се различни од „Тврдина 2“.