Двојно повеќе работа за брзата помош од Кавадарци

Од:

Двојно повеќе работа има брзата помош во Кавадарци поради топлото време, информира Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при кавадаречкиот Здравствен дом.

Регистрирани се и чести повреди на нива, кога лозари поради невнимателност и недоволна заштита се повредуваат со српови додека сечат ластари во лозовите насади, а повредени има и во градежништвото.

Паракеов информира дека поради временските услови зголемена е смртноста кај хронично болните и постарите лица, кај кои доаѓа до здравствени компликации. Појасни дека е зголемен обемот на работа без разлика дали станува збор за посета на службата или за повици на бесплатниот телефонски број 194.

– Преку ден има пациенти со колапси и пад на крвниот притисок, како и проблеми со дишните патишта и зголемена телесна температура поготово кај детската возраст, рече Паракеов кој додаде дека има и зголемен број на сообраќајки, како и стомачни вируси проследени со повраќање и дијареја.

Тој ги повтори препораките кои важат во услови на жештини, без потреба да не се излегува надвор од 10 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се заштити кожата со крем со заштитен фактор, да се носат капа и очила, а екстремитетите да бидат што е можно повеќе покриени.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он