Кон средината на декември речиси секој град блеска од новогодишните светилки и други декорации, на кои особено им се радуваат децата. Но некои градови од празничното украсување направиле вистинска уметност.
Следат европските градови, кои можат да се пофалат со најубави светлосни украси.
Во декември секоја година Виена го враќа стариот раомантичен сјај. Милиони светлики светат над крстосниците, во продавниците, дури и по дрвата. Големите празнични лустери ќе ве доведат до катедралата Св. Стефан или до дворецот Шонбрун, каде се одржуваат празничните концерти.
Аромата на пржени бадеми го најавува доаѓање на празникот во овој шармантен пристанишен град богато осветлен во екот на целата празнична сезона.
Пет милиони светилки светат од зградите и 700-те борови накитени на божиќниот саем во забавниот парк Лисеберг, кој е најголем во Скандинавија.
Градска Плаза Мајор е позната е по преубавите светилки без нападен и заслепувачки сјај. Божиќниот саем тука се одржува од средината на 19. век, а главни артикли се фугурите и опремата за изработка на јасли, кои можат да се пронајдат во целиот град.
Случувањата кулминираат на 5 јануари со голема парада.
Во текот на т.н. зимски чуда драматично осветлените згради, големиот број забавувачи и штандови во Брисел предизвикуваат преубаво празнично чувство.
Во лизгалиштето во центарот на градот празничните светилки ги осветлуваат и 240-те штандови, на кои можат да се пронајдат белгиски вафли со карамелизиран шеќер, бомбони и чоколадни бомбони.