Британските метеоролози тврдат дека 2013-та ќе биде една од најтоплите во историјата

Од:

Во наредната година глобалните температури ќе бидат за 0,57 степени повиоки над просекот на долгорочен план, што ќе ја направи 2013 година една од најтоплите во историјата, покажуваат прогнозите на британската метеоролошка служба.

– Многу е веројатно 2013 година да биде меѓу десетте најтопли години од 1850 година досега. Најверојатно ќе биде потопла од 2012 година, се посочува во прогнозата на британските метеоролози за следната година.

Наредната година се очекува да биде меѓу 0.43 и 0.71 степени целзиусови потопла од долгорочната прогноза за 14 степени (1961-1990), со средна проценка од 0.57 степени, наведуваат британските метеоролози.

Прогнозата на британските метеоролози се базира на нивните сопствени истражувања од Универзитетот на Источна Англија, од прогнозите на Годар Институтот на НАСА за вселенски истражувања и на Американскиот национален окенански и атмосферски институт.

– Зголемувањето на температурите се должи на природната варијабилност на климата и на глобалното затоплување поради високите емсии на јаглерод диоксид, изјави Дејв Бритон, од Британскиот метеоролошки институт.

Просекот на повиски температури не значи и дека секој регион во светот ќе биде потопол, бидејќи регионалната клима продуцира различни ефекти во различни делови на светот, појаснува Бритон.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска