Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името Метју Нимиц од 1 до 4 јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН.
Нимиц, како што се наведува, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина, веднаш по посетата на Скопје.