Кушнер во обид за заживување на блискоисточниот мировен процес

Од:

Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера се сретна со израелските и палестинските лидери во обид да го заживее блискоисточниот мировен процес.

– Тоа е можност да ги следиме заедничките безбедносни цели, благосостојбата и мирот. Џаред, запознаен сум со твоите напори, како и со напорите на претседателот и нетрпеливо очекувам заедно да работиме на постигнување на тие заеднички цели, истакна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Кушнер го посети и Рамалах на Западниот Брег, каде имаше двочасовна средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Портпаролот на Абас истакна дека на средбата биле разгледувани сите основни аспекти на конфликтот.

Кушер, кој нема искуство во меѓународната дипломатија и во водење на политички преговори вчера пристигна во Израел.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски