Реал му дава целосна поддршка на Роналдо

Од:

Реал Мадрид се огласи со соопштение во кое изразува целосна поддршка и доверба кон својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо по обвинението дека затајувал данок.

Во вторникот јавниот обвинител на Шпанија објави дека Кристијано Роналдо е осомничени за затајување данок кон државата во висина од 14,7 милиони евра во периодот 2011-2014 година и поради тоа против него е поднесено обвинение.

Во соопштението од Реал Мадрид, меѓу другото стои дека клубот целосно го поддржува својот играч кој веќе негираше дека има било каква поврзаност со затајување данок, за што тој беше обвинет.

– Реал Мадрид има голема доверба во својот фудбалер Кристијано Роналдо кој, како што разбравме, е обвинет за даночно затајување и избегнување на фискалните обврски кон државата.

0д неговото доаѓање во клубот во јули 2009 година, Роналдо отсекогаш покажува подготвеност да ги исполни сите свои обврски вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на плаќањето на даноците.

Реал е апсолутно убеден дека Кристијано Роналдо во судот ќе ја докаже својата невиност. Исто така, ние се надеваме дека правдата ќе излезе што е можно поскоро, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски