Заев на средба со ЗНМ и ССНМ: Владата е подготвена за итни и квалитетни медиумски реформи

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, транспаретност и отчетност денеска се сретнаа со претставници на Здржението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници.

Тема на состанокот беа потребните медиумски реформи.

Премиерот Заев информираше дека Владата е целосно определена да создаде услови за објективно и професионално работење на медиумите.

„Владата е подготвена во соработка со новинарските здруженија и организации да спроведе итни и квалитетни медиумски реформи. Граѓаните имаат право да бидат навремено и точно информирани. Лошата состојба со медиумите во Македонија, констатирана во извештаите на сите домашни и меѓународни организации, оваа Влада ќе ја смени. Целта на новата Влада е да го заштити достоинството на новинарите и медиумските работници, тие да работат без притисоци, слободно и професионално. За таа цел ќе ги земеме предвид приоритетите изложени од ЗНМ и ССНМ како неопходни во медиумската сфера“, рече премиерот Заев.

Исто така претседателот на Владата, Заев изрази подготвеност да се направат сите неопходни законски измени за гарантирање на слободата на говорот и за независноста на медиумите, за да се заштитат новинарите и медиумските работници од насилства.

Двете новинарски организации соопштија конкретни решенија околу финансирањето на медиумите, реформата на јавниот сервис и за подобрувањето на работничките права во редакциите.

Премиерот Заев и министерот Поповски задолжен за комуникации, транспаретност и отчетност се обврзаа на отворени комуникации, целосна транспарентност и отчетност на Владата и на институциите.

Изразена е заедничка согласност за соработка на принципиелно ниво, со цел зајакнување и унапредување на професионалните стандарди, како и на концептот на саморегулација во медиумите.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски