Седум загинати во експлозија пред градинка во Кина

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 59 се ранети во експлозијата, што одекна денеска пред градинка во градот Суџоу, во источната кинеска провинција Џиангсу.

На кинеските Интернет страници се објавени фотографии на неколку жени и деца, кои лежат на земја, од кои некои крварат, а прикажана е и жена, која држи расплакано дете.

Кинеската новинска агенција Синхуа објави, повикувајќи се на Брзата помош дека експлозијата се случила додека децата си заминувале од градинката во попладневните часови по локално време.

Претставник на полицијата во округот Фенџијан изјави дека во тек е истрага за причините за експлозијата.

– Повредени се неколку деца, нагласи тој.

Полицијата соопшти дека експлозијата одекнала во 16:50 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он