БЕГ креира база на апликанти за нови работни места

Од:

Балкан енерџи груп (БЕГ) почнува со реализација на проект за креирање база на податоци за евиденција на расположливите стручни кадри од домашниот пазар на труд од разчични профили кои ќе бидат евидентирани и селектирани, а ќе бидат земени предвид во идните процеси за вработување во компаниите – членки на групацијата, соопштија денеска од БЕГ.

Посочуваат дека креирањето база на податоци е дел од процесот на преструктуриање и развој на БЕГ чија клучна цел, како што се вели во соопштението, е натамошна модернизација и воведување нови модерни технологија во целокупниот систем за централно греење.

– За успешно спроведување на овој процес неопходни ќе бидат свежи стручни кадри од различни области кои дополнително ќе придонесат и за воведување на нови модерни услуги за потрошувачите. Базата на нови потенцијални вработени во БЕГ е отворена за сите заинтересирани лица од различни профили кои се подготвени да работат по највисоки професионални стандарди, се вели во соопштението.

Групацијата особено ги охрабрува да аплицираат лицата со специфична стручна подготовка од профилите кои се дефицитарни на пазарот на трудот, како што се: машинобравари, бравари-заварувачи и шамотери за одржување на опрема и инсталации на термоенергетските постројки во топлани, како и ракувачи со ваквите постројки за кои се бара соодветното образование, стручна подготовка и сертификати за положени стручни испити од соодветната област. Се бараат и машино-монтери кои би биле дел од екипите за одржување на диструбутивната топлинска мрежа и толинските станици, монтери на уреди за греење кои имаат сертификат – уверение за заварување, како и апликанти за работни позиции каде предност при ангажирањето би имале стручни кадри со високо образование и знаење од областа на компјутрерската технолигија, како што на пример е позицијата – диспечер за мониторинг и управување на дистрибутивниот топлински систем.

Досегашното работно искуство на апликантите не е пресуден фактор во оваа фаза од процесот, но секако ќе биде соодветно вреднувано во останатите фази, особено доколку се отвори процес на вработување на некоја отворена позиција во компаниите во рамки на групацијата.

Заинтересираните лица можат да ги достават своите апликации преку контакт електронските адреси кои се наоѓаат на веб страниците на компаниите во рамки на групацијата.

Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани и евидентирани во новата база на потенцијални вработени, со подеднаква шанса кандидатите да бидат повикани на разговор за учество во процесот на вработување, согласно потребите за одредени отворени работни позиции во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Ѓуровски