Бинки: Социјална мрежа на која никој никого не познава и не гледа

Од:

Социјалните мрежи одамна не се само дел од современиот живот, туку за многу луѓе станаа и начин на живеење.

Настаните на социјалните мрежи на многу луѓе им станаа поважни од тоа што се случува во вистинскиот живот. Дали за тоа има лек?

Многу студии покажуваат дека овој облик на зависност стана „рамноправен” со многу други форми на зависност.

Меѓутоа, едно од решенијата би можело да биде новата апликација или како што ја нарекоа некои „социјална мрежа за тие кои не ги сакаат социјалните мрежи”.

Се работи за апликацијата Бинки, чија главна предност е нејзината едноставност. Бинки прави речиси се што „прават” и класичните социјални мрежи и апликации, како Фејсбук или Твитер.

Можете да прегледате безброј објави и профили, да „лајкувате“, па дури и да коментирате. Во што е тогаш нејзината тајна?

Во тоа што нема шанса некој да види која било од вашите објави, ниту да реагира на вашата реакција. Имено, се што правите на оваа мрежа, не гледа никој друг освен вие.

Но, авторите на апликацијата токму тоа го истакнуваат како најголема предност, бидејќи така „барем нема да ги замразите своите пријатели на социјалните мрежи”.

Дали сето тоа има смисла, можете да испробате ако користите иОС уреди.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски