Колумбија официјално призна брак меѓу тројца мажи, објавија локалните медиуми.
– Сакаме да го официјализираме нашиот дом, нашето семејство. Досега не постоеше законска рамка што би не признала како семејство, изјави Виктор Уго еден од членовите на таквата брачна заедница.
Уго и неговите двајца партнери добија официјален статус „брак меѓу три лица“. Во Колумбија од 2016 година е дозволен хомосексуален брак.