„Распеани пензионери“ во Куманово

Од:

Вкупно осум хорови од Македонија, Србија и Бугарија учествуваа на денешната втора по ред меѓународна манифестација „Распеани пензионери“, која се одржа во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на кумановското здружение на пензионери.

Иницијативата за организирање ваков настан, посочија организаторите, произлегла од соработката на кумановското со пензионерските здруженија од трите држави и се реализира втора година по ред.

– Годинава, славиме 71 години од пензионерско здружувањe. Манифестацијата веќе прерасна во традиција, изјави претседателот на комисијата за културни дејности од кумановското здружение, Славица Ламбаша.

Вакви манифестации каде што можат да се видат и аматери и поранешни професионалци придонесува за активно стареење, смета Анѓел Тотов од кавадаречкото здружение „Лоза“.

На манифестацијата присуствуваше и претседателот на здружението на пензионери на Македонија, Драги Аргировски кој истакна дека оваа манифестација и во иднина ќе биде поддржана од Здружението.

– Потребни се вакви манифестации за луѓето од третото доба, бидејќи се шират пријателства. Никогаш не е доцна за пријателства не само меѓу пензионерите од Македонија, туку и пензионерите од соседните држави, изјави Аргировски.

Сите, приближно 200 учесници на манифестацијата, добија благодарници за нивното учество.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он