Промовирано спомен обележје за Првата светска војна во НП „Пелистер“

Од:

Амбасадорот на САД Џес Бејли денеска промовираше меморијално обележје на патеката од Првата светска војна во Националниот парк Пелистер.

Новото обележје, како што истакна амбасадорот Бејли, ја нагласува улогата на Соединетите Американски Држави во Македонија и на Балканот за време на Првата светска војна.

– Отворањето на патеката од Првата светска војна е прекрасен начин за тоа како да се памти историјата. Денес ставаме уште еден знак кој посочува на придонесот на американскиот народ кој помагал на локалното население, рече амбасадорот Бејли.

Тој додели и благодарници на лицата кои помогнаа во реализирањето на настанот во Националниот парк „Пелистер“.

Според историски податоци кои беа презентирани на денешниот настан, во текот на Првата светска војна, САД односно голем број на американски граѓани понудиле хуманитарна и медицинска помош, а за време на бомбардирањето на Битола голема помош доделил американскиот Црвен крст, кој по завршувањето на војната во Битола ја отвориле познатата болница на американските жени предводена од д-р Верџина Флот Кис, а била отворена и американска амбуланта за помош на локалното население и притоа им била укажувана лекарска помош и до 3.000 пациенти во еден месец, претежно жени и деца, беше истакнато на денешниот промотивен настан на кој меѓудругите учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.

Би можело да ве интересира

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Падна првиот снег

Катерина Ѓуровски

Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Маја Илиевска-Пачемска

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба

Наум Локоски

Македонска вечер на филмската ретроспектива за сто години од крајот на Првата светска војна

Ана Ололовска