Приказната што се крие зад една од највпечатливите фотографии од Втората светска војна

Од:

Од настанокот на дагеротипијата и првите бележења на големите историски настани, малку која фотографија е позната како онаа на која е прикажано поставувањето на советското знаме над уништениот Берлин кон крајот на Втората светска војна.

Неколку војници на црвената армија, а со нив и фотографот Евгениј Калдеј, се искачиле на зградата на Рајхстагот, кој беше симбол на моќта на некогаш најсилна европска држава.

На зградата е поставено е огромно советско знаме со чекан и срп, што означи конечен слом на Хитлеровите планови за основање на нов Германски Рајх, што ќе трае илјадници години.

Но, таа фотографија претставува и пример за еден од најраните обиди за фотомонтажа за потребите на ширење на пропаганда.

Тоа може да се види по војникот кој на сликата има два рачни часовници, што р доказ за кражбите кои ги направиле војниците на Црвената армија. Поради тоа еден од часовниците е отстранет од конечната верзија на фотографијата, која стана едно од најпознатите пропагандни дела во светската историја.

Тоа не е единствена проблематична работа во врска со наведената фотографија, бидејќи ни денес не е познато што се случувало тие денови во Берлин.

Јосиф Сталин на 30 април наредил заземање на зградата на Рајхстагот, со цел тој настан да се поклопи со меѓународниот празник на трудот – 1 мај.

Меѓутоа, Црвената Армија таа наредба крваво ја платила. Знамето конечно било поставено доцна во ноќта на 30 април, но нацистичките војници го симнале наредното утро.

По крвавите борби и тешки загуби на двете страни, Калдеј и војниците се качиле на покривот на зградата и повтроно го поставиле знамето дури на 2 мај.

Би можело да ве интересира

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он

САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбур

Ана Ололовска

Германски пензионер во подрум чувал нацистички тенк, не знаат за што да го судат

Жарко Настоски

Кина одбележува 75-годишнина од крајот на Втората светска војна

Ана Ололовска

Втората светска војна и нацистите: Во Аргентина пронајден список со 12.000 тајни сметки во банки

Ана Ололовска

Втора светска војна: Би-Би-Си и тајните активности во борбата против нацистите

Ана Ололовска