Јужна Кореја може за првпат да добие жена претседател

Од:

Парк Гун-хе денеска може да биде избрана за прва жена претседател на Јужна Кореја. Парк (60) е најстарата ќерка на поранешниот јужнокорејски диктатор Парк Чунг-хи, кој владееше со земјата 18 години до неговото убиство во 1979 година.

Анкетите покажуваат дека Парк, поранешна претседателка на владејачката конзервативна партија „Сенури“, минимално води пред кандидатот на опозициската Демократска обединета партија Мун Џе-ин, иако 59-годишниот левоцентристички политичар и поранешен активист за човекови права добива се поголема популарност.

– Тешко е да се предвиди крајниот резултат, бидејќи разликата меѓу двајцата е во рамките на дозволената статистичка грешка, изјави социологот Ким Џи-ун, јави ДПА.

Парк води во просек со 2,7 отсто во 16 анкети, направени меѓу 9 и 12 декември. Резулатите покажуваат дека Парк и Мун ќе добијат меѓу 40 и 50 проценти од гласовите во првиот круг, што значи дека нема да им остават никакви шанси на другите кандидати.

Главна тема на предизборните дебати беше економијата. Според јужнокорејскиот Устав претседателот може да управува само еден петгодишен мандат и Ли Мјун-бак треба во февруари да ја напушти функцијата.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња