Британските конзервативци се на пат да остварат победа над лабуристите на изборите во Велика Британија, кажува последната анкета на „Индепендент“, според која Тереза Меј има 10 отсто предност пред Џереми Корбин.
Според оваа анкета проекцијата е дека конзервативците ќе имаат мнозинство од 74 пратеници, најголемото после Маргарет Тачер.
Причините за големата предност на козервативците според истражувањето е загриженоста за можноста Корбин да ја оправда основата на трошоците од неговата програма и неговиот пристап кон безбедноста и Брегзит.
Според анкетата конзервативците имаат поддршка од 44 отсто од гласачите, лабуристите се на 34 отсто, додека либерал-демократите се на 9 отсто. УКИП има поддршка од 5 отсто, додека партијата на зелените има поддршка од само 2 отсто од населението.