Бејли: САД поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името

Од:

Aмериканскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска рече дека САД од секогаш ја поддржувале Македонија и дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името.

– Добро е што Македонија има разговори со Грција и другите земји во соседството. Нема да зборувам за исходите, за тоа ќе зборуваат само партнерите. САД од секогаш ја поддржувале Македонија и ќе продолжат да ја поддржуваат на нејзиниот пат и аспирација кон ЕУ и НАТО, рече Бејли.

Одговарајќи на новинарско прашање на конференција за „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“, организирана од неколку стопански комори во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, Бејли рече и дека реформите кои сега се носат се многу важни во однос на владеењето на правото.

– Допрва треба да дискутираме со новата Влада, како и со членовите на целото општество и опозицијата, за чекорите кои ќе ги преземаме. На крајот овој процес ги вклучува целото општество и целата држава и сметам дека тоа ќе биде нешто за што целата земја треба да се обедини за да го постигне, изјави Бејли.

Би можело да ве интересира

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја