Г-7 во очекување на подобри времиња

Од:

Дојче веле – Бон

Всушност нема значење дали Доналд Трамп сега ја дефинираше Германија како „лоша“ или „зла“. Во секој од двата случаи тој ни дава можност да се осврнеме на неговиот обид. Со сета должна почит, г-дине претседател: Сер, вие сте идиот. Во целата апсурдна мешавина од инсинуации и злонамерност со која Трамп го напаѓа германскиот извоз и автомобилската индустрија, најочигледниот дел е глупоста. Дали навистина Трамп сака да започне трговска војна со ЕУ? Кажете, г-дине претседател. Таа бесмислица ќе сопре во мигот кога на производите на голема американска компанија за компјутери ќе и бидат воведени задолжителни европски царини, ако не и порано.

Средбата на високо ниво не е час за лоши ученици.

Средбата во Таормина беше вистинско искушение на трпението на Ангела Меркел и нејзините колеги. Првенствено на германската канцеларка на која како најстар учесник и се падна да го смирува арогантниот Трамп кој влезе со бучава и тресок во меѓународната политика. Меркел го стори тоа со бескрајна воздржаност и трпение на учителка од детска градинка која се занимава со напорно дете со тешкотии во учењето. Претседателот на САД, на пример, одбива да види дека климатските промени се сериозна закана и дека Парискиот договор за климата е неопходност.

Останатите шест земји од групата му го објаснија тоа на Трамп со подробности. По тоа неговиот советник го пофали фактот дека Трамп научил многу во Таормина. Да се однесуваме кон средбата на високо ниво на највлијателните индустриски држави како кон лекција за лоши ученици, наменет за невешт и незаинтересиран магнат од областа на недвижностите, е неверојатна пројава на заслепеност. И е само едно од многуте ако погледнеме на начинот на кој Трамп се однесува со своите меѓународни партнери. За баксуз, тој по случајност е претседател на САД така што тие не можат да покажат надразнетост.

Г-7 е спасена – засега

Поговорката гласи дека глупоста директно успева. И во случајот со дембелската, егоцентрична и агресивна обиколка на Трамп на Европа во неговата улога на врховен грубијан, таа изгледа исправна. За возрасните луѓе во собата тој е провокација. Тие всушност успеаја да се наметнат и да го спасат клубот на Г-7 засега, барем до следната средба.

Дипломатите знаат колку се важни „формати“ како овие – ритуални, редовни средби со смирена атмосфера и убави фотографии. Средбите се политички шоу-бизнис и освен тоа ги принудуваат владините раководители да бидат дисциплинирани. Членовите треба повеќе пати да ги потврдуваат сите нешта кои ја обединуваат групата, или да донесат одлука да ја напуштат. Дури и каприциозниот претседател на САД инаку се потресе од тој заклучок. Сигурно некој искористил еден од кратките моменти во кој Трамп внимава за да му објасни дека „Америка на прво место“ води до изолација на „Америка сама“. И дека е пребрзо да се уништува западната алијанса од држави заради лошо однесување и недостиг од интерес.

Минимален консензус наместо напредок

Веќе е доволно кажано за социопатските црти на Трамп, недостигот на интерес кај него, воспитување, познавање, чувство на пристојност и се останато кое го карактеризира. Неговите изјави пред ЕУ во Брисел, пред НАТО и на средбата на високо ниво на Г-7, само го потврдија она кое одамна го знаеме за него.

Претседателот на САД ја меша миграцијата со тероризмот, ги смета глобалните климатски промени за заговор, му штети на одбранбениот сојуз на НАТО и ги презира шефовите на другите држави. Конечно, тој попречи во постигнувањето на какви било значајни резултати од средбата, за напредок и да не зборуваме. Тој создава впечаток дека го смета за забавно да ги задева партнерите од Г-7.

Поранешниот претседател на САД, Линдон Џонсон, дал познат груб лаконски коментар (притоа насочен не кон кого било, туку кон неговиот долгогодишен директор на ФБИ, Џеј Едвард Хувер) е дека е подобро да го држиш противникот „во шаторот излезен кон надвор, отколку во шаторот како влегува внатре“. Лошите вести се дека Доналд Трамп покрај тоа и плука во шаторот. Одвратно – буквално – но ќе треба да се помириме, барем засега. Додека гласачите или американскиот политички систем не не спасат од тој претседател. Дотогаш ќе чекаме подобри времиња и ќе се обидуваме да ги сочуваме нештата функционални, колку е возможно најдобро.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска