Заев до Меј: Граѓаните и Владата на Македонија решително стојат до Британија против насилството и тероризмот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати Телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј и до граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, по синоќешниот грозоморен напад во Лондон во којшто има загинати и повредени.

„Во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое лично име изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот напад во Лондон, до Владата на Велика Британија и до граѓаните на Британија.

Најостро го осудуваме овој шокирачки кукавички напад врз невини жители на Лондон, на Лондонскиот мост и во околните ресторани, меѓу кои има и посетители на Лондон.

Секој акт на загрозување човечки животи, каде и да се случи е загрозување на слободата и спокојот на целото човештво.

Се солидаризираме со граѓаните на Велика Британија и цврсто и решително застануваме на страната на Британија.

Потребно е да се дејствува мудро и внимателно во интерес на мирот во Велика Британија и во светот. Уверени сме дека истрагата ќе ги расветли до крај мотивите за нападот и нарачателите и инволвираните ќе се соочат со правдата.

Република Македонија е подготвена да помогне и да дејствува обединето со демократскиот цивилизиран свет во справувањето со сите облици на насилство и тероризам.
Нашите мисли и молитви се со граѓаните на Велика Британија“, напиша премиерот Заев во Телеграмата до британската премиерка Меј.

Би можело да ве интересира

Велика Британија и нејзините сојузници не се подготвени за модерно војување

Велика Британија се подготвува за војна, Стармер најави „борбена готовност“

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Келин: Велика Британија води прокси војна против Русија

Британската влада му се заканува со тужба на Роман Абрамовиќ за парите од продажбата на Челси

Велика Британија од денес воведува забрана за вејпови за еднократна употреба