Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој направи подолга пауза од тенисот пропуштајќи ги турнирите на земјена подлога соопшти кога ќе се врати на терените.
Тој изминатиот период го искористи за одмор и подготовки за настапите кои претстојат на побрзи подлоги.
Федерер објави дека ќе игра на АТП турнирот во Штутгарт кој почнува на 12 јуни, а потоа ќе настапи и во Хале каде освои осум титула.
Потоа следува третиот Грен слем во годината, на тревната подлога во „Вимблдон“ закажан за периодот 3 – 16 јули.