(ВИДЕО) Обединети за Македонија и Достоинство – Битола: Безусловна поддршка за Менде Диневски

Од:

„Во изминатите два мандати на градоначалникот ТАЛЕСКИ видовме и слушнавме безброј лаги и ветување за младите во овој град. Младите се оставени без егзистенција, немаат вработувања, немаат надеж и немаат иднина.

Секој млад човек во Битола, својот спас го гледа во иселување во западните земји, бидејќи Вие ги заборавивте и изоставивте од Вашата програма. Во овие 8 години немавте визија, желба и стратегија за да направите нешто за нас младите во Битола, но затоа продуциравте непотизам и криминал раководство.

Со кој образ и кредибилитет ќе ја побарате довербата од нас младите? Залудно потрошени од нашиот живот ви беа малку, па барате уште 4. Тоа, сигурно нема да се случи.

Гордоста на секој млад битолчанец беше спортот во Битола. Но за жал, Вие како докажан антиспортист го уништивте спортот во Битола. Битолските спортски клубови се последни во првенствата, а спортските објекти руинирани и уништени.

Сега после 8 години, повторно се обидувате со лаги и манипулации да ветувате дека ќе инвестирате во битолскиот спорт, но повеќе не можете да ги лажете битолските спортисти, навивачите и целата спортска јавност.

Вашите ветувањата се само лоша глума – дел од Вашата вистинска професија, она во што единствено сте добар.

Токму затоа ние од Обединети за Македонија, нашите членови и симпатизери, роднини и пријатели, поддржувачи, нашата безусловна поддршка за градоначалник на општина Битола, му ја даваме на Менде Диневски, кој победата ќе ја понесе уште во ПРВИОТ КРУГ“, изјави Гоце Чипкаловски, потпретседател на Обединети за Македонија-Битола.

Од човек кој не си ги почитува своите сограѓани, градоначалник не бива. Градоначалник не бива од некој кој немаше слух за оние кои беа подготвени да ги дадат своите животи, за тој денес да може да градоначалникува во слободна и достоинствена Битола.

„Почитуван Талески, со кое лице ќе се појавиш пред нас бранителите, нашите семјества, роднини и пријатели, да бараш трет мандат, кога во претходните 8 години, не сакаше да одвоиш ниту една минута за да ни ги чуеш маките и барањата“, рече Саше Гилевски, Претседател на Достоинство Битола.

Нашето барање – „Споменикот на бранителите“ да биде направен во консултација со семејствата на загинатите, отсликувајќи ја жртвата дадена од нашите херои. Да бидат наведени точната дата и локација каде истите ги дадоа своите животи, со пушка во рака и горд израз.

Нашето барање, по имињата на бранителите да се именуваат улици, преку кои реално ќе биде искажана нивната жртва и нашата почит кон нив.

Ниту еднаш во овие 8 години не не удостои со покана за присуство на настан или манифестација за нашиот град, за кој бевме подготвени живот да дадеме.

Ветуваше демократија и дека ќе бидеш градоначалник на сите, но наместо тоа продуцираше непотизам и беше градоначалник на тесен круг луѓе, на кој единствен интерес им е финансискиот ќар. Дури и оние вистинските ВМРО-вци повеќе не те поддржуваат.

Токму затоа ти повеќе не заслужуваш да бидеш градоначалник, особено не по трет пат.

Не заслужуваш затоа што во 2008 година, за законот за бранителите не даде никаква поддршка, но заслужува Менде Диневски, оној кој безрезервно и јавно не поддржуваше во сите наши заложби, ставајќи потпис на нашата иницијатива.

Заслужува Менде Диневски кој ќе те победи уште во ПРВ КРУГ!

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски