На 36. традиционално качување „Титов врв 2017“ во неделата учество земаа 850 луѓе од 37 планинарски друштва од 4 различни земји.
– Во не многу поволни услови исполнети со магла и снег, за околу 4 часа, повеќето од 828 учесници се најдоа на надморска височина од 2.748 метри пред самата кула изградена уште во 1955 година. Во просек толку време им беше потребно на учесниците да се симнат повторно на Попова Шапка и да го испијат заслужениот чај, послужен од ветераните на ПК Љуботен, соопштија од организацијата на „Пријателите на Шара“.
На искачувањето на највисокиот врв на Шара – Титов Врв учествуваа 27 планинарски друштва од четири земји.
Настанот беше дел од прославата по повод „Денот на Европа“, а мото на искачувањето беше „Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно! Да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина!“.
ПК Љуботен се надева и апелира сите да ја чуваат природата, не само на ваквите настани, туку секогаш.