По 1.000 денари за учество на протестите против опозицијата

Од:

Незадоволството поради буџетот или дневницата од 1.000 денари е мотивот и на студено време да се протестира против опозицијата?

Во редакцијата на А1 се јавија луѓе кои од страв не сакаат да зборуваат јавно, но тврдат дека за дел од демонстрантите се исплаќаат дневници за учество на протестите пред Собранието и пред СДСМ, и затоа се прават списоци на кои се утврдува кому треба да му се плати.

Според нив, дел мора да дојдат по партиска директива, а исто се проверува дали е исполнета оваа наредба.

И на овие протести дел од тие што протестираат се истите партиски војници кои излегуваа на сите контрапротести. Беа во улога на стечајци, претходно беа незадоволни земјоделци, беа тутунари, и поддржувачи на „Скопје 2014“.

Колку заработиле досега не е јасно, уште помалку кој ги плаќа и со чии пари? Единствено е јасно дека е време да се сменат ликовите кои повеќе од две години излегуваат на сите контрапротести, зашто веќе на сите им се познати.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?