Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повторно повика на намалување на следниот седумгодишен буџет на Европската унија (ЕУ), оценувајќи за време на разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Берлин дека предложениот буџет е неприфатлив во момент кога е неопходно да се ограничи домашната јавна потрошувачка.

„На Европа ѝ се потребни и реализам и реформи. Во момент кога буџетите се намалуваат во сите земји-членки, ова едноставно е неприфатливо“, рече Мерц на прес-конференцијата со Кошта, посочувајќи дека предложениот буџет е речиси 60 отсто поголем од претходниот.

Мерц повика и на промена на приоритетите во следниот буџет, со поголеми средства насочени кон конкурентноста и одбраната.

„Не е можно проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“, порача Мерц.

Европската комисија предложи буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, кој предвидува вкупна потрошувачка од речиси два билиони евра во текот на седум години.

Тоа е само дел од вкупната потрошувачка на земјите-членки на национално ниво, додека буџетот на ЕУ опфаќа ограничен број области на јавната политика, меѓу кои најзначајни се земјоделството и таканаречената кохезиона политика, односно регионалниот развој и поддршката за помалку развиените делови од Унијата.

Буџетот на ЕУ, формално познат како Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ), традиционално е тежок за преговори од две основни причини, појаснува ДВ.

Од една страна се земјите кои уплаќаат повеќе во буџетот и кои главно настојуваат да ја ограничат потрошувачката, додека нето-корисниците на средствата од ЕУ се залагаат за поголеми издвојувања.

Освен тоа, за усвојување на Повеќегодишната финансиска рамка е потребна едногласна согласност од сите 27 земји-членки, поради што е неопходно да се постигне компромис прифатлив за сите.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски