Израелскиот министер за внатрешни работи осомничен за корупција

Од:

Израелскиот министер за внатрешни работи Арјех Дери и неговата сопруга се подложени денеска на полициско испитување во рамки на обемната истрага за корупција, јавуваат израелски медиуми, а полицијата соопшти дека испитува 14 осомничени.

Полицијата потврди дека во тек е истрага против еден „државен функционер и неговата сопруга“, но не изнесе повеќе детали.

Израелското државно радио на Твитер објави дека Дери, кој во 2002 година е ослободен, откако мина 22 месеци во затвор поради мито и проневера, влегол изутрината во просториите на полицијата за тешки злосторства со сопругата Јафа.

Приватната телегизија Канал 2 наведува дека сопружниците ги испитуваат во одвоени простории.

Весникот „Хаарец“ пишува дека Дери, како што се очекува, ќе мора меѓу останатото да објасни како ги финансирал недвижностите, кои ги купил изминатите години, како што се куќата во Сафсуфи, село во северен Израел.

Весникот додава дека полицијата испитува уште 14 осомничени, меѓу кои и генералниот директор на едно министерство.

Дери е основач на ултраортодоксната еврејска партија Шас, која е дел од десничарската коалициска Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид