Отворање на манифестацијата „Титов Врв 2017“

Од:

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово го организира 36-тото искачување на Титов Врв кое ќе се одржи денеска и утре со учество на голем број планинари и рекреативци од Македонија, регионот и од Европа. Оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 800 планинари.

Настанот е дел од прославата по повод Денот на Европа организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а искачувањето годинава има и мото со порака за зачувување на животната средина: „Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно“.

Планинарските друштва и групите планинари ќе пристигнат на Попова Шапка за свеченото отворање вечер, на кое ќе биде организирана изложба на фотографии и промотивни видеа за Шар Планина, како и планинарската дружба и забава во хотелот „Славија“.

Искачувањето ќе почне утре наутро во 6.30 часот. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу четири до четири и пол часа. По кратка пауза, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“ со што манифестацијата официјално ќе биде затворена.

Искачувањето ќе биде проследено со акција за чистење на патеката. На учесниците ќе им бидат поделени биоразградливи кеси за отпадоци каде ќе го складираат отпадот. Пред платото на хотелот „Попова Шапка“ ќе биде поставен обележан пункт каде ќе се фрла насобраниот смет.

– Со ова сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај планинарите и да изградиме позитивни вредности, соопшти Планинарскиот клуб „Љуботен“, кој постои од 1925 и е најстар активен планинарски клуб во Македонија.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ