Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот музичар Елвис Присли ќе биде понуден на аукција откако 30 години стоеше на пистата во американската сојузна држава Ново Мексико.
Седиштата од виолетово кадифе и црвен килим ја украсуваат внатрешноста на авионот, дизајниран лично од Елвис.
Авионот од 1962 година нема мотор и потребно е целосно реновирање на пилотската кабина.
Леталото било во сопственост на познатиот американски изведувач и негов татко, Вернон Присли.
Авионот е речиси 35 години во приватна сопственост и се наоѓа на пистата во градот Росвел во Ново Мексико.
Леталото ќе биде понудено на аукција на 27 мај и се проценува дека ќе достигне цена од околу 3,5 милиони долари.