Намален доток на вода или прекин во водоснабдувањето во кавадаречко поради поројните дождови

Од:

Поради обилните врнежи од дожд во подрачјето на зафатите на „Стара река“ на Кожуф планина и неможноста филтрите да го извршат неопходното прочистување на водата, која сега е на прелив во регионалниот водовод „Лукар“, ЈП „Комуналец“ од Кавадарци информира денеска дека ќе има нарушен режим на снабдување со вода за пиење.

– Имено во текот на денот одредени делови од градот ќе имаат намален доток на вода, а во други воопшто ќе нема вода во славините. Состојбата може да се одолжи ако во текот на денот има нови врнежи на дожд, соопштуваат од комуналното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење