СЈО поднесе барање за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Специјалното јавно обвинителство вчера во 15:00 часот поднесе барање за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителството во случајот „Талир“ сомничи 11 лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ дека переле пари преку партијата переле пари, а првоосомничен е лидерот Никола Груевски.

– Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, сепак тој во периодот од 2009 до крајот на 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби, при што мотивите на делување на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и обезбедување на целосна контрола над политичката партија, рече на прес конференција обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа истакна дека биле скучени 71 договор за недвижен имот од незаконски стекнати средства, а била вмешана и фирмата ДГ Бетон АД Скопје, која се јавува како инвеститор во најголем број од градбите на проектот „Скопје 2014“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина