Богат и проколнат: Историјата на морничавиот имот Винчестер

Од:

Блиц – Софија

Пушката Винчестер денес е еден од симболите на Западот. Нема вестерн филм во кој тоа да не е оружјето на главниот херој. Идејата за тоа се родила првпат во главите на легендарните Хорас Смит и Даниел Весон. Пред да ги создадат прочуените револвери, плод на компанијата Смит енд Весон прават модел на пушка која ја нарекуваат Вулканичен.

Така на бел свет се појавува компанијата Volcaning repeating armс. Главен акционер во неа е производителот на облека Оливер Винчестер. По мноштвото перипетии и рокади, Оливер целосно го сменил дизајнот на пушката и ја претворил во сакано оружје на Западот. Таа донела огромни заработки и за повеќе пати го зголемила богатсвото на Винчестер. Но без да знае, тој создал мистерија која ќе промени многу животи и засекогаш ќе ги обележи неговите наследници.

Животот на Оливер поминал без стресови. Имал еден син, Вилијам. Тој се оженил за најубавата девојка во Конектикат, Сара, која израснала во богато семејство кое пак не и дозволило да има ниту една грижа во својот живот. Таа се омажила за уште побогат сопруг кој ја обожувал и исто не дозволувал да има макар и еден облачен ден. Можеби тоа е причината Сара да не успее да се справи со психичките кризи кои подоцна дошле во нејзиниот живот. Во 1866 година таа раѓа девојче, Ана, кое починало наскоро по раѓањето. Сара била неутешна. Една седмица не кажала ниту збор, не се одделувала од телото на бебето и не дозволувала да го погребаат.

Паднала во тешка депресија која не ја пуштала уште долги години. Не направила обид да има други деца. Токму кога почнала да се смирува и да се враќа кон нормален живот, трагедиите повторно се вратиле. Во 1880 година, нејзиниот свекор Оливер починал. Нејзиниот сопруг Вилијам станал наследник на неговото богатство. Но и тој починал само четири месеци подоцна од туберкулоза. Така огромното наследство останало во владение на вдовицата на Вилијам, Сара. Таа наследила 20 милиони долари и 50 проценти од акциите од оружјето Винчестер, кое денес се споредува со 30,000 долари приходи на ден.

И покрај огромното наследство, Сара се чувствувала многу несреќна. Страдала од бесоница, имала кошмари и привиденија. Отишла кај некој медиј со надеж дека ќе и помогне. На сенасата тој и рекол дека се поврзал со нејзиниот покоен сопруг и дека има порака од него. Таа гласела: Парите на семејството Винчестер се проколнати, затоа што се извалкани со крв.

Духовите на сите оние кои биле убиени со пушката Винчестер ќе ја прогонуваат. Треба да ги продаде сите имоти во Конектикат и да тргне на запад и да застане таму каде ќе почуствува дека треба да изгради нов дом. Неговата градба никогаш не смее да сопре затоа што ако градењето сопре, Сара ќе умре. Таа поверувала на секој збор, продала се и заминала. Така стигнала до Сан Хозе, во Калифорнија, и купила мал имот во 1884 година. Негов сопственик е др Колдвел. Не сакал да го продава, но Сара му дала сума на која не можел да одолее. Така запонало едно бескрајно градење без претходен план правен од архитект. Секое утро Сара се будела во различно расположение и им наредувала на градителите. Се рушеле ѕидови, се граделе кули. Резултатот е огромно здание во викторијански стил, кој се градел 38 години до смртта на Сара во 1922 година. Сара починала на 83 години.

Зданието располага со 160 соби, 47 скалила, 47 камини, мноштво лажни врати и внатрешни столбови. Меѓу најинтересните особености на имотот се соби кои се прелеваат едни во други, врати кои не водат никаде, тајни ходници, скали кои завршуваат на таванот. Идејата на Сара била да ги заблуди духовите кои ја прогонувале. Затоа ентериерот секојдневно се менувал. Бројот 13 е присутен на целиот имот: 13 куполи, по 13 стакла на прозорците, во 13 панели во ѕидовите, 13 елементи во паркетот.

Домаќинката верувала дека фаталниот број ја чува. Куќата била полна со огледала затоа што духовите се плашат од нив. Во 1906 година земјотрес разурнал дел од имотот, но Сара била среќна дека така градењето уште повеќе ќе ќе забрза. Друга нејзина навика била да менува по неколку слоеви облека и перики за да ги замајува нејзините прогонувачи. Неколку пати и таа самата се губела помеѓу чудните соби и наутро ја наоѓале работниците. По нејзината смрт, единствена наследничка останала внуката Френсис Мариот. Но наместо големо наследство, таа не добила скоро ништо. Огромниот и вечно градениот имот ги исцедил скоро сите пари на тетка и. Френсис барала сеф во куќата, но не го нашла.

Така парите кои дошле од пушката Винчестер биле потрошени од лудоста на Сара да се спаси од душите на убиените со тие пушки.

Денес зданието е музеј познат како „Куќата на духови Винчестер“. За влезница од 40 долари, секој посетител може да види за што било потрошено огромното наследство. Водичите на ексурзиите по куќата не им дозволуваат на туристите да се одделат од групата за да не се изгубат во злокобната куќа, која се смета за една од најстрашните дестинации во светот.

Многу посетители тврдат дека слушнале чудни шумови, а според други, духот на Сара се уште шета по собите.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ