Тројца Палестинци осудени на смртна казна поради убиство на командант на Хамас

Од:

Суд во Појасот Газа денеска осуди тројца Палестинци на смртна казна поради убиството на еден од главните командати на палестинскто радикално движење Хамас.

Тие се осуден дека по налог на Израел на 24 март оваа година го убиле командатот на воено крило на Хамас, Мазен Фуках.

Сите тројца обвинети го прзнале делото.

Едниот од нив пукал во Фуках, додека останатите двајца учествувале во убиството и им пренесувале информации на изралеските разузнавачки служби.

Израелкските разузнавачки служби одбија да го коментираат случајот.

Појасот Газа е дел од палестинската територија што е под контрола на Хамас, додека Западниот Брег е под контрола на движењето Фатах на палетинскиот претседател Махмуд Абас.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски