ДР-ДПА: Последниот круг на маратонскиот циркус во здравството

Од:

„Владата во заминување, преполна со коруптивни афери, идеатор и реализатор на разнебитувањето и деградацијата на јавното здравство, се појавува во јавноста со „добра вест”, изградбата на новиот Клинички Центар во Скопје. Пратеникот во Собранието на Република Македонија и поранешен министер за здравство, Г. Никола Тодоров потпишува договор за реализација на овој многу голем пројект во според правните експерти, многу сомнителни околности, со која се докажува и потврдува дезориентираното однесување на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сателити.

Овој потег е показател дека се работи за последниот круг на смешниот и маратонски циркус на овој министер – аматер во областа на здравството, како и за една тенденција за дефокусирање на јавноста од ужасните настани од крвавиот четврток, каде што бесрамно, преку кршење на сите етички норми и на Хипократовата заклетва, лекари од оваа партија го оцрнија светиот бел мантил како непосредни учесници во овој грозоморен настан.

Одделот за здравство на Движењето за реформи ДПА бара итно запирање на овој проект и на оваа детско однесување. Овој проект треба да се оствари од страна на новата реформска влада, транспарентно, со јавна дебата и консултации со професионалци од оваа област, но исто така и со други поединци вклучени во менаџирањето на здравството. Исто така, бараме од техничката Влада итно и неодложно да престане со реконструкција на клиниките и болниците во ниедно време бидејќи со тоа предизвикува големи пречки на нивното секојдневно работење. Во блиска иднина ќе бараме отчет и одговорност за огромната штета врз и така осиромашените буџети на Универзитетски Клиники и на другите јавни болници во Македонија“ се вели во соопштението на одделот за здравство ДР-ДПА.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски