Врховниот суд закажа седница за притворите на Едмонд Темелко и Владимир Талески

Од:

За еден месец, или поточно на 19 јуни, Врховниот суд на седница ќе расправа за законитоста при определувањето притвор за градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и за одлуката за притвор на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, и двајцата осомничени од СЈО, објави Макфакс.

И покрај тоа што Врховен во февруари веќе донесе одлука за предметот со Темелко, таа одлука, како што рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, не била верифицирана и не влегла во АКМИС системот и оттука остава простор за судиите кои одлучувале, да побараат пререферирање на предметот, а потоа одлуката да биде верифицирана. Бранителите на Темелко, побрале судијката Лидија Неделкова да биде изземена, бидејќи постапувала пристрасно кога одлучувала, бидејќи нејзиниот син Давид Неделков наводно бил ангажиран од Специјалното јавно обвинителство. Едмонд Темелко, е еден од осомничените во првата и најобемна истрага што ја отвори СЈО според број на осомничени, „Титаник“, која се однесува на сомневања за изборни нерегуларности вршени во 2013 година.

Во барањето за заштита на законистоста, во вториот случај, ќе се преиспитува и одлуката за притворот на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, поради донесената одлука во „непрописен совет“, односно поради тоа што судијата Јани Нича одлучувал во Кривичниот суд за предметот, а потоа станал судија во Апелација каде што повторно бил дел од судиите што одлучувал по предметот.

Битолскиот градоначалник е првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Тој и уште 22 лица се товарат за злоупотреби и за малверзации со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра. Нему му беше одреден куќен притвор, а потоа по барање на СЈО двапати му беше продолжен притворот . Апелацискиот суд го одби барањето на СЈО на Талески третпат да му биде продолжен куќниот притвор за нови 30 дена и наместо оваа мерка, му наложи на битолскиот градоначалник двапати неделно да се јавува во суд. СЈО потоа ја обжали одлуката, Талески беше пуштен од куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска

Судијката Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд

Ана Ололовска