Северна Кореја го следи примерот на Велика Британија и наскоро ќе ја објави среќната вест за првото дете на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пишува денеска весникот „Дејли телеграф“.
Гласините дека првата дама на Северна Кореја Ри Сол-ју е бремена се појавија за време на церемонијата со која се одбележа првата годишнина од смртта на Ким Џонг-ил.
На церемонијата првата дама беше облечела во традиционална облека, од која можеше да се види дека таа е бремена.
Шпекулациите за евентуалната бременост на Ри Сол-ју се појавија во октомври, кога таа не беше забележана на јавни места во период од 50 денови. Тогаш медиумите јавуваа дека таа или е бремена или пак е казнета поради западниот стил на облекување или поради тоа што не покажала доволно почит кон некои партиски или владини лидери.