ДС: Осуда за изјавите на Иванов за амнестија на насилниците

Од:

„Демократскиот сојуз ги осудува изјавите на Ѓорге Иванов за амнестија на тие што учествуваа во грабежот и дестабилизација на државата, како и неаргументираните напади на амбасадорот на Германија.

Наместо создавање клима за внатрешна кохезија и прифаќање на подадената рака од ЕУ и НАТО, за повторното отворање на можностите за продолжување на евроатланските процеси, како и поддршката за економска и финансиска стабилизација, Ѓорге Иванов, упатува критика до Германија, држава која е наш силен и највлијателен подврзувач.

Граѓаните се определени за промени, правда и стабилизација.

Промените се во тек и никој не може да ги блокира, а одговорноста никој не ќе може да ја избегне, ниту Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз е за тоа „прочистувањето” да започне од таму од каде што смрдат работите, а не од опашот“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски