Најмалку четири лица загинаа, а 22 се повредени при денешната експлозија што се случи на бородградилиште во Колумбија, соопштија локалните претставници.
Несреќата се случила во градот Картахени, на брегот на Карипското Море.
Извор од колумбиските безбедносни сили наведе дека „полицијата истражува дали станува збор за несреќен случај или напад“.
Портпаролката на локалната пожарникарна служба објасни дека одекнале три експлозии, од кои две на исто место.
Таа прецизираше дека, во две експлозии што ја погодиле американската компанија за изградба на бродови „Аствик“ загинало едно лице, а пeтмина се повредени.
Најмалку уште три лица загинаа, а 17 се повредени при експлозијата што се случи во колумбиската компанија „Котекмар“, што се занимава со изградба на бродови.