ОМД: Доделувањето на мандатот чекор напред кон смирување на политичката криза

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) оценува дека вчерашното доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да се прифати како чекор напред кон смирување на политичката криза во државата и промена со која се очекува Македонија да започне да гради граѓанско општество кое ќе ги почитува основните македонски принципи, унитарноста на државата, националниот интерес и почитувањето на институциите и правниот систем.

ОМД го повикува Заев на разумно одлучување при формирањето на министерските позиции и при поставувањето квалитетен и стручен кадар без криминално досие чиј приоритет ќе биде заштитата на националните интереси на Македонија.

Од оваа организација сугерираат да се разгледа можноста за формирање на министерство за дијаспората со кое, како што се посочува, би се продлабочиле односите меѓу Македонија и македонските иселеници и би се овозможиле шанси за нивно учество во економскиот развој на државата и директно учество во спроведувањето на демократското владеење.

Заев, како што велат од ОМД, доби историска можност да игра важна улога во градењето на иднината на Македонија. – ОМД се надева дека тој ќе го искористи овој момент за подобрување на имиџот на Македонија во странство, со тоа што ќе работи на враќање на Македонија на вистинскиот пат за целосна евро-атлантска интеграција без никакви условувања за името и идентитетот на Македонија, стои во соопштението.

Како лидер на парламентарното мнозинство, ОМД очекува од Заев да ја состави и води новата влада на Македонија по западните демократски принципи со потполно почитување и спроведување на правниот систем. ОМД инсистира на реконструкција на економијата во Македонија, зајакнување на здравствениот, социјалниот и образовниот систем, вклучувајќи и создавајќи можности за нови работни места со што ќе се намали невработеноста на Македонија, како и подобрување на патната инфраструктура, се вели во соопштението.

ОМД го повикува Заев да оствари соработка со опозицијата, а од ВМРО-ДПМНЕ се бара да биде силна и конструктивна опозиција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Мицкоски мандатар за состав на влада

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија