(ВИДЕО) Стериовска од „Шарена револуција“: Очекуваме да владеат принципи, а не луѓе во Македонија

Од:

Сите денови на улиците доведоа до остварување на целта-можност за демократско општество во кое ќе владее правото. Зачетниците на „Шарената револуција“ кои излегоа пред владата, точно на две години од најмасовниот протест, потсетуваат дека очекуваат да се остварат нивните идеи за подобро општество за сите и владеење на правото.

Режисерката Ирена Стериовска, граѓански активист и еден од симболите на „Шарената револуција“ се надева дека врз принципите на револуцијата ќе се изгради подобро општество.

-Шарена револуција е нешто што се случи, и нешто што откако се случи постојано се случува. Јас ја нарекувам револуција на состојба на умот, каде луѓето ги искинаа синџирите и го победија стравот. Со Шарената револуција се креираше една идеја за свет и држава каде правдата и шаренилото се добра основа да се изгради либерално општество кое ќе биде добра основа за сите нас.

Според неа, до целта се стигна не само благодарение на „Шарената револуција“ туку со многу сегменти.

-Колку сме направиле во оваа битка? Нема само еден сегмент кој допринел ова се се случи, треба да се даде големо значење на сите чинители кои во јавниот живот помогнаа да продре идејата за слободна Македонија, се надевам дека ова е добар почеток за сите нас.

Таа вели дека „Шарените“ ниту сега не се откажуваат од она за што се бореле.

-Самата „Шарена револуција“, не се бориме за човек, ниту за замена на места, иако не мислам дека сега се работи за чиста замена на места. Но, се надеваме дека ќе владеат принципи, а не луѓе во Македонија. Тие доаѓаат и заминуваат. Се надеваме дека ќе владеат идеи, најдобро ќе биде да дојдеме до ситуција кога нема да биде битно кој е на власт, туку ако бидеме држава која ги почитува правните принципи, рече Стериовска.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска