Илјадници севернокорејски војници и цивили денес му оддадоа почит на покојниот “драг лидер” Ким Јонг-Ил, во пресрет на првата годишнина од неговата смрт на 17-ти Декември.
Државната телевизија КРТ објави снимки од масите кои се собраа пред споменикот на Ким Јонг-Ил и неговиот татко и основач на Северна Кореја, Ким Ил-Сунг, објави “Телеграф”.
Луѓето стоеја во тишина пред нивните статуи, пред кои положија цвеќе. Претходно денеска, Ким Јонг-Ун, новиот лидер на Северна Кореја и син на Ким Јонг-Ил, заедно со претставници од државата присуствуваше на масовен марш во чест на неговиот татко.
Како што оценува дописникот на “Телеграф”, Северна Кореја денеска, една година по смртта на Ким Јонг-Ил, е сеуште изолирана, иако некои промени беа забележани откако Ким Јонг-Ун ја презеде функцијата на неговиот татко.
Ким Јонг-Ил почина на 17 Декември 2011 година. од срцев удар, а неколку дена подоцна, неговиот син е назначен за лидер на Северна Кореја, што ја подгреа надежта на меѓународната заедница дека во земјата ќе дојде до позитивни промени.
Во јануари оваа година, Ким Јонг Нам, најстариот син на починатиот лидер, трансферот на власта во земјата го опиша како шега, и предвиде рушење на режимот.