Помалку договори на македонските градежници во странство во првиот квартал

Од:

Во периодот јануари-март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.265.602.000 денари, што е за 14,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 365.475.000 денари што е за 139,1 процент повеќе во споредба со истиот период од 2015 година.

Во првите три месеци од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија, Босна и Херцеговина и Германија.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Градежниците лани потрошиле материјали и енергија во вредност од 11.859.712.000 денари

Пандемијата не ги запира градежниците: во јуни издадени дозволи за градби вредни 210 милиони евра

Жарко Настоски

Одлуката за ограничување за движење на максимално две лица не ги опфаќа градежниците во работниот процес

А1он

(ВИДЕО) Трајковски: Градежните работници се целосно незаштитени

Ана Ололовска