Албанските власти соопштија дека блокирале 26 тони пилешко месо, увезено од Бразил, откако било утврдено дека содржи високи концентрации на салмонела, пренесоа американските медиуми.
Во денеска објавеното соопштение на Националната служба за храна се посочува дека месото пред неколку дена со брод пристигнало во пристаништето Драч.
Тоа било увезено од локална компанија, против која сега се води истрага, забележува службата.
Бразил е главниот извор на птичје и свинско месо за албанските компании.
Властите соопштија дека по информациите за извоз на неквалитетно месо од Бразил во текот на пролетта редовно почнаа проверките на местото што влегува во земјата од странство.