МФ се уште нема законска основа за исплата на субвенции

Од:

Согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии се уште нема законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот. Минатата среда Уставниот суд донесе само решение, а конечна одлука се очекува да биде донесена оваа среда.

За МИА од Министерството за финансии денеска изјавија дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку согласно Деловникот на Судот мораат да почекаат носење конечна одлука која се очекува во среда.

По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.

– Министерството постапува строго прецизно согласно законите. Согласно законската регулатива Министерството досега немаше можност за исплаќање на субвенциите, односно од распишување на изборите до избор на влада. И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите, велат од Министерството за финансии за МИА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација