Терористичката група Исламска држава се соочува со сериозен недостиг од средства како резултат на ниските цени на нафтата, воениот притисок и санкциите наложени од меѓународната заедница, па нејзините борци ги напуштаат Ирак и Сирија, изјави претседателот на Комитетпт за санкции против ИД и Ал Каеда и постојан претставник на Казахстан во ОН, Кајрат Умаров, на заседание на Советот за безбедност.
Според него, карактерот на заканата од страна на терористите се менува и тие продолжуваат да бидат предизвик за безбедноста во светот.
– Против ИД се случува постојан воен притисок, што ги натера да вршат серија напади вон зоните на конфликт. Средствата на ИД се намалија и сега таа опстојуува во услови на „буџетска криза”, посочи дипломатот.
Умаров додаде и дека одграноците на Ал Каеда продолжуваат со своите терористички активности низ светот, и дека во некоја мера, таа е и посилна од ИД.