Во Кавадарци одбележан светскиот ден на велосипедизмот

Од:

По повод Светскиот ден на велосипедизмот трета година по ред денеска во Кавадарци беше реализирано организирано возење на велосипед низ градските улици за учениците од основно и средно образование.

Претседателот на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци, Милан Колев изјави дека настанот се одвива под мотото „И јас сум дел од сообраќајот” и упати апел до децата како најмлади учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните знаци.

За сите учесници беше организирана лотарија, а најсреќниот доби велосипед.

Според претседателот на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот Љупчо Лазов, на ваков начин се популаризира велосипедот како превозно средство, а неговото масовно користење ќе придонесе за подобрување на животната средина и за решавање на проблемот со паркирањето на возилата во централното градско подрачје.

Тој побара изградба на што повеќе велосипедски патеки, а од граѓаните почесто да го користат велосипедот.

Дел од денешната манифестација беа и Министерството за внатрешни работи и Брзата помош.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето