Ќе се уредува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион (ВПР) Марко Колев денеска потпишаа проект за уредување на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Висината на проектот изнесува околу 15 милиони денари.

Ова е третата и последна фаза од проектот за уредување на речното корито на реката Луда Мара. Во должина од 355 метри ќе биде дограден којот на реката. Се работи за капитален проект што е од суштинско значење за општина Кавадарци.

Овој проект е плод на одличната сорботка на општина Кавадарци со Центарот за развој на ВПР. Во изминатиот период имаше и други заеднички капитални проекти, а последен од нив беше изградбата на НВО центарот во Кавадарци.

Панов им се заблагодари на колегите од ВПР за досегашната соработка и можноста да се догради кејот на реката.

– Околу пет милиони денари се пари од нашиот буџет, а над девет од Бирото за регионален развој преку ВПР, појасни градоначалникот.

Колев изрази благодарност за соработката во изминатите години која, како што рече, резултура со неколку успешни проекти на барање на граѓаните.

– Ние најавивме дека ќе потпишеме договор за голем инфраструктурен објект а тоа еве и се случува, за уредување на речното корито на реката Луда Мара, додаде тој.

Информираше дека покрај уредување на кејот, проектот опфаќа и поставување на урбана опрема и осветлување, како и два пешачки моста на реката.

Истовремено денеска претставниците на Советот на ВПР ја одржаа 22 редовна седница, на која дискутираа по шест точки од дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична