Граѓаните од малешевскиот регион се повеќе користат мерки за енергетска ефикасност, покажува анкетата спроведена во рамки на проектот „Кампања за енергетска ефикаснoст на објекти во микрорегионот Пијанец-Малеш“ финансиран од ЕУ.
Од 1.000 испитаници во микрорегионот Пијанец-Малеш, 30 проценти рекле дека применуваат мерки за енергетска ефикасност.
– Околу 30 отсто од испитаниците веќе имаат преземено некои енеретско ефикасни мерки, поголемиот број или околу 70 проценти мерки презеле во последните седум години што покажува дека е тренд примената на овие мерки во домаќинствата, рече Тони Стоименовски од Регионалниот центар за застапување од Делчево кој го спроведува проектот.
Ана Марија Теохарова од НВО „Амброзија“ – Пехчево, партнер во проектот, потенцираше дека анкетираните граѓани во Пехчево и четири околни села, се задоволни и од заштедата на средствата.
– Трошоците за електрична енергија по инсталирањето на соларните колектори и добивањето струја без пари, сметките за електрична енергија им се намалиле на половина. Исто така и со останатите мерки, како што е греење со пелети, се заштитува околината и се намалува количеството на јаглерод моноксид, рече Теохарова.
Кампањата за значењето на мерките за енергетска ефикасност поради лошите временски услови, наместо на отворено се реализираше во салата во ООУ Ванчо Прке“, каде пораките ги слушнаа и учениците и дел од граѓаните.
– Со овој проект сакаме да ја подигнеме свеста во микрорегионот за значењето на примената на меркте и да укажеме за многуте донатори кои финансираат вакви проекти, рече Стоименовски.
Проектот го имплементираат РЦЗ од Делчево и Амбозија од Пехчево во партнерство со невладините Милеуконтакт, Коцка и Фронт.