ЕВН Македонија го отвори првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

Од:

Македонија доби Изложбен центар за електрична енергија, прв од ваков вид во земјата и регионот, кој е сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка. Изложбениот центар „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.

Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електицитетот.

– Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што сегашните, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

На свеченото отворање на Изложбениот центар „Матка“ присуствуваа претствници на Универзитетите во Македонија, средните и основните училишта, како и претставници од Бирото за развој на образованието. Присутните претставници на образовните институции ја потпишаа иницијативата за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

Сите заинтересирани од денес ќе можат да го посетат Изложбениот центар „Матка“, индивидуално или во групи, а за условите за посета и работното време можат да се добијат повеќе податоци на www.matka.com.mk /Facebook: Матка – Изложбен центар / Matka – Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски