Во Кочани одбележан Денот на Европа 9 мај

Од:

Со музички хепенинг и традиционални јадења на дел од земјите членки на ЕУ, денеска во Кочани беше одбележат 9 Мај денот на победата над фашизмот и денот на Европа. Организатори на манифестацијата беа ЕУ инфо точката од Кочани и општина Кочани.

Преку традиционални јадења и обележја карактеристични за државата што ја претставуваат, учениците од основните и средните училишта од Кочани ги претставија земјите членки на ЕУ. Штандовите на сите училишта беа доста креативни и учениците автентично ги претставија државите Малта, Естонија, Португалија, Белгија, Франција и Полска. Присутните ги поздрави градоначалникот Ратко Димитровски.

– Македонија е на некој начин третирана поинаку од другите членки на ЕУ. Македонија повеќе години ги исполнува критериумите кои што ги поставува ЕУ во делот на економијата пред се, во делот на политиката и другите односи кои ги имаме, тоа се докажа и со судски решенија, но за жал никако неможеме да дојдеме до тоа заедничко европско семејство. Непринципелно е од страна на една членка на ЕУ која што се смета за лулка на демократијата па поради проблемот со името да се ставаат пречки да неможеме да станеме рамноправни членки на ЕУ. Очекувам дека останатите членки на ЕУ ќе го сфатат тоа и ние ќе бидеме членки на таа заедница каде што припаѓаме. Нека е честит 9 мај на сите граѓани и им порачувам на сите дека со разбирање се постигнува многу повеќе отколку со војни и насилства, рече Димитровски.

Одбележувањето на Денот на ЕУ беше збогатен и со настап на хорот и оркестарот ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и групата „Шекспир“ од Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат